fbpx

Деловниот центар Премиум ги отвори своите врати за компаниите

Јубилејната 25-та година од своето постоење Мак Аутостар ја прослави со отварање на новиот деловен центар Премиум

Објектот се простира на корисна површина од 12.000 м2 распоредени на 7 ката и подземен паркинг на 3 нивоа со површина од 5.000 м2 кој во комбинација со надворешниот паркинг е во можност да прими до 200 автомобили.

Целиот простор е модуларен и наменет за изнајмување, истиот е изведен по највисоките светски стандарди што значи дека покрај удобностите кои им се нудат на компаниите-закупувачи во склоп на комплексот ќе функционира теретана а во план е отворање и современ панорамски ресторан само за вработените во деловниот центар.

Премиум

За вљубениците во автомобили најинтересениот дел од објектот се наоѓа на призејето каде е отворен првиот салон за сертифицирани половни возила од марката на Mercedes. По повод отварањето на објектот свое обраќање пред бројни претставници на бизнис заедницата и медиумите имаа заменик германскиот амбасадор во нашата земја, Ото Граф, како и градоначалникот на општината Гази Баба, Борис Георгиевски а последен до присутните гости се обрати генералниот директор на Мак Аутостар, Зоран Марков кој изјави:

„25 години стоиме зад мислата, чувствувајте се како дома во Вашата канцеларија. Оваа идеја сакаме да ја споделиме со другите компании, градејќи објект во вредност од над 10 милиони евра, каде што во најсовремени услови ќе може да се гради својот бизнис“

Поврзани вести

Back to top button