fbpx

Детроит 2018: Hennessey VelociRaptor 6×6 одговор за Mercedes- G63 6×6

Моделот на Hennessey, грандиозниот VelociRaptor 6x6 ќе го видиме во Детроит, на почеток на следната година

Она што е интересно е дека одговорот на Hennessey за Mercedes- G63 6х6 ќе биде поевтин и поприфатлив.

Hennessey откри дека цената на високопроодниот ѕвер VelociRaptor 6×6, кој се базира на Ford Raptor, ќе чини 350.000 долари, што го прави со околу 150.000 долари поевтин од еквивалентно неверојатниот Mercedes- G63 6×6. Засега се планира да бидат произведени само 50 примероци од моделот, бидејќи склоповите се прават рачно.

VelociRaptor 6x6

Можно е бројот да расте во зависност од интересот на клиентите. Ѕверката располага со шест тркала, кои се придвижувани од масивен V8 мотор. Неговата максимална моќност е нешто над 600 КС, или околу 150 КС повеќе од стандардниот Raptor. Од место до 100 km/h се потребни малку над пет секунди, а офроуд можностите се подобрени со блокирачки диференцијал и 20- инчни тркала со специјални гуми. Моделот се нуди и со две тркала помалку, како директен конкурент на истиот Mercedes Benz G- Class. Неговата моќ е повторно над 600 КС.

Поврзани вести

Back to top button