fbpx

DHL се вклучува во електрификацијата

Германскиот DHL во соработка со јапонската компанија Yamato ќе испорача 500 примероци од новото електрично комбе до есен

Електрификацијата зема значителен замав во последниот период, каде сите брендови се целосно посветени на пратење на овој тренд. На ова се придружи и германската поштенска компанија DHL, која во соработка со јапонскиот Yamato, развива заедничко мало електрично комбе кое ќе служи за испорака од врата до врата.

Доколку се е по план, кон почетокот на есента треба да се испорачаат дури 500 единици од овој модел, наменети само за метрополската област на големиот Токио. Со ова ќе се одбележи прво значително воведување на електрични возила од страна на голема јапонска логистичка компанија, која има во план 40.000 возила од својата флота да ги замени со електрични.

Првичниот поттик за развивање на едно вакво возило претставува секојдневното зголемување на бројот на пакети со кои се соочуваат компаниите за испорака. Ова е резултат на промената на навиките на потрошувачите, кои се сè повеќе склони кон онлајн купување. Колку повеќе испораки, толку е поголема емисијата на издувни гасови, па така штетното влијание кон околината значително се намалува со заменување на дел од возилата со конвенционални мотори, со електрични.

 

Компанијата StreetScooter која е во сопственост на DHL, е задолжена за производството на новото електрично возило, додека пак Yamato има за задача да ги опреми сите единици со замрзнувач и ладилник.

Новото комбе е дизајнирано со цел да им овозможи на работинците лесен пристап до товарот, без притоа да мораат да влезат во просторот за ладење и замрзнување. Секако, дел од поволностите на електричното комбе се и намалените трошоци за одржување, поради помалиот број на делови во однос на возилата со конвенционални мотори.

Јапонската комапнија неодамна беше погодена од регионалната криза во Јапонија, по со овој чекор се обидува да го намали физичкиот притисок врз своите вработени, како и со подобрените работни услови да привлече нови.

Двете компании наскоро ќе потпишат договор за престојната соработка, која се проценува од околу 36 милиони долари, вклучувајќи ги и трошоците за изградба на соодветна инфраструктура. Како дел од овој проект е и поставувањето на опрема за полнење на околу 100 клучни точки во областа на Токио. Се очекува со едно полнење да му се овозможи на електричното комбе да работи шест до седум часа, со опсег од околу 100 километри.

 

Поврзани вести

Back to top button