fbpx

Добредојде за малиот Suzuki Jimny

Малиот заводник изненади со огромна побарувачка, како во светот, па така и кај нас

Деновиве во салоните на Suzuki можевме да забележиме дека конечно и кај нас пристигна еден од најатрактивните нови модели во гамата на Suzuki, малиот Suzuki Jimny. После цели 20 години, Јапонците конечно се одлучија да го преработат овој модел и да ни ја прикажат и четвртата генерација на Jimny.

Првата генерација била претставена уште во 1970 година и била застапена на пазарот 11 години.

Неговата замена пак траела цели 17 години, се до појавата на третата генерација во 1998 година, која во продажба беше дури 20 години. Малиот Jimny ни доаѓа во четири варијанти но со истиот 1.5 литарски бензински мотор, со моќност од 102 коњски сили и максимален вртежен момент од 130 Nm. Првите две варијанти се со GL нивото на опрема, со опции за 5-степен рачен или 4-степен автоматски менувач.

Другите две варијанти ни се со GLX нивото на опрема, што претставува повисоко ниво на опременост од GL, исто така со опции за 5-степен рачен или 4-степен автоматски менувач. Максималната брзина на изведбата со автоматски менувач изнесува 140 km/h, додека таа кај изведбата со рачен менувач изнесува 145 km/h. Основното, односно GL нивото на опременост кај овој модел, вклучува серво управувач со аудио команди, патен компјутер, темпомат, автоматски светла, светла за магла напред и позади, електрика на предни прозори и ретровизори, греачи на седишта и многу други.

Со оглед на тоа дека овој модел доби нова генерација по цели 20 години, време за кое технологијата имплементирана во возилата драстично се промени, очекувано е дека бар дел од новите и веќе познати системи за помош при управувањето, ќе бидат дел од опремата на малиот Jimny.

Така во основното ниво на опременост спаѓаат: системот за асистенција на долги светла, радарска подршка за сопирање, сигнал за итно запирање, радарско следење на сообраќајната лента и помош при тргнување на угорница. Доколку се одлучите за GLX нивото на опременост, како дополнителни елементи би добиле управувач обложен со кожа, алуминиумски фелни, автоматски клима уред, 7-инчен екран android+aud+NAVI, како и LED проектор на предни светла.

Димензиски гледано, новиот Jimny е со должина од 3,480mm, ширина од 1,645mm, додека пак висок е 1,725mm. Капацитетот за седење му е за четири лица, а багажниот простор е со максимален капацитет од 830 литри.

Почетната цена на овој модел изнесува 15.900 евра, а се однесува на моделот со рачен менувач со GL ниво на опременост.

Поврзани вести

Back to top button