Висок претставник на Vauxhall во интервју истакна дека VXR и OPC остануваат и во иднина и ќе стане збор за остварувања кои секако ќе се разликуваат од GSi изведбите. Понатаму во интервјуто се напоменува дека од OPC одделението може да се очекува и натаму hardcore возила со моќем мотор, агресивен дизајн и зголемено ниво на управливост и агилност.
Вреди да се напомене дека се размислува новата OPC генерација на Insignijа, која засега не е познато кога ќе биде лансирана, да биде со хибриден погон. Пред тоа секако треба да ја очекуваме OPC верзијата врз новата Corsa.