fbpx

Ducati и Lamborghini го претставија Diavel 1260

По тизер кампањата, италијанскиот производител на мотоцикли Ducati, во соработка со Lamborghini, го претстави уникатниот Diavel 1260

Ducati Diavel 1260 Lamborghini е првиот мотоцикл роден од соработката меѓу Ducati и Lamborghini, а моделот кој ќе биде во ограничена серија ја влече својата инспирација од Sian FKP 37 суперавтомобилот кој беше претставен во 2019 година.

Со својот изглед кој е далеку поагресивен во однос на стандардниот Diavel 1260, мотоциклот е опремен со карбонски отвори за воздух и прекривки за радијаторот, како и карбонски штитници за кал и централна прекривка за резервоарот. Карбонот како материјал исто така е искористен и за спојлерот, прекривката за придушувачот и рамката за предниот фар.

Diavel 1260 Lamborghini

Покрај широката употреба на карбонски влакна, мотоциклот ја користи и истата шема на боја како и Sian FKP 37. Како резултат на тоа, моделот има Gea Green тело, кое се совпаѓа со Electrum Gold рамката. Тука се и 17-инчните тркала и „63“ акцентите, кои оддаваат почит на основањето на Lamborghini во 1963.

Според директорот на Ducati Centro Stile, Андреа Ферарези, „Diavel 1260 Lamborghini е дизајниран користејќи го истиот дизајнерски јазик со кој се истакнува суперспортскиот автомобил, па ги редизајниравме елементите кои најмногу го карактеризираат Diavel“.

Diavel 1260 Lamborghini

Како што може да се очекува, мотоциклот е базиран на Diavel 1260 S и се карактеризира со 1,3-литарски мотор кој испорачува 162 КС и 129 Nm максимален вртежен момент. Моделот исто така има и целосно подесувачки Öhlins систем на потпирање и Brembo сопирачки систем. Меѓу останатите карактеристики, тука е и 3,5-инчниот дигитален инструмент кластер, Quick Shift систем и мултимедија систем кој го конектира телефонот со мотоциклот.

Diavel 1260 Lamborghini

Diavel 1260 Lamborghini ќе биде достапен во декември, а производството ќе биде ограничено на 630 единици.

Поврзани вести

Back to top button