fbpx

EICMA 2017: Концептот CB4 Interceptor додава доза футуризам

На штандот на EICMA 2017, Honda повторно демонстрира концепт на италијанското дизајнерско студио со седиште во Рим

Оваа година ѕвездата е CB4 Interceptor – студија на тема Neo Sports Café, чие прво остварување беше претставено на EICMA 2015, како CB4 Concept. Новата студија додава и провокативна Sport Endurance нота кон оригиналниот дизајн на првиот прототип, давајки нова перспектива кон светот на кафе-рејсерите.
CB4 Interceptor
Креацијата е целосно црна и ги комбинира елегантниот спортскиот стил со технологии од иднината. Дизајнерскиот нов приод се дефинира преку мазни линии и недифинирани форми. Во предниот дел, мотоциклот е опремен со вентилатор, чија цел е да се конвертира кинетичката енергија во електрична за напојување на дисплејот на допир, лоциран на резервоарот. Предметниот екран обезбедува постојана врска, благодарение на која возачот го следи патот со помош на дигитални карти, спроведува итни повици или едноставно ги поврзува уредите.
CB4 Interceptor

Поврзани вести

Back to top button