ЕICMA 2017: Yamaha Niken – првиот бајк на три тркала
Yamaha на штандот во Милано ја претатави европската изведба на Niken, првиот мотор во светот со три тркала
![Yamaha Niken](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/11/Yamaha-1600-1a-780x405.jpg)
Овој ѕвер со три тркала веројатно ќе биде одличен за возење со неверојатни квалитети. Контактот со подлогата е постојано со две тркала, кои обезбедуваат практично неограничен спој со патот, стабилност и поместување во агол со целосна брзина и безбедност.
Инаку, Yamaha прави обиди за мотоцикл со различни тркала речиси една деценија – проектите Tesseract и OR2T, вклучуваат и две тркала позади. Во 2015-та година тргнува проектот за три тркала MWT-9, кој сега е во фаза на целосно сериска машина со почеток на производството догодина и со име Yamaha Niken. Неговата должина е 2150 mm, а ширината е 885 mm.
Niken е развиен како вистинска фурија – со широка и несекојдневна предница и двојна вилушка, која држи секое од предните 15-инчни тркала. Покрај неверојатната адхезија кон квалитетите на новата машина се додава и многу сигурното однесување на патот и запирање Помалите предни тркала го олеснуваат влегувањето во свиоците, тоа е супер брзо и лесно, особено во стестнените градски услови. Останува да се убедиме каков е практично критичниот наклон при управување на оваа машина, зошто е избрана токму шемата со удвоуената предна вилушка и дали оваа машина ќе може да се вози на задна гума?