ЕК и официјално побара крај за моторите со внатрешно согорување
Најавите за воведување на нови, уште построги регулативи во Европа кои ќе значат и крај на продажбата на возила со мотор на внатрешно согорување, се остваруваат
Она што се најавуваше во претходните денови сега станува и официјално, откако Европската комисија го претстави својот предлог со кој на крајот ќе се елиминираат возилата со мотор на внатрешно согорување до 2035 година.
Европскиот „Зелен договор“ е огромен и е сочинет од голем број различни компоненти, но бара комбинација на мерки со цел да се „соочи со зголемените емисии во патниот транспорт“ и вели дека „построгите CO2 стандарди за автомобилите и комбињата ќе ја забрзаат транзицијата кон мобилност со нулта емисии“.
Како дел од овие напори, Европската комисија предлага просечните емисии на новите возила да се намалат за 55 проценти од нивото од 2021 до 2030 година. Само пет години подоцна, во 2035 година, тие сакаат просечните емисии да опаднат за 100 проценти. Со други зборови, Европската комисија истакна дека „сите нови автомобили регистрирани од 2035 ќе бидат со нулта емисии на CO2“. Ова ќе биде радикална промена, но неколку европски производители веќе ги најавија своите планови да станат исклучиво европски брендови и пред овој рок.
Со цел да се поддржи транзицијата кон од мотори на внатрешно согорување кон возила со нулта емисија, ЕК изложи ревидирана регулатива за алтернативни инфраструктури на горива, која ќе побара од земјите-членки да ја прошират поддршката за еколошки возила. Конкретно, се бара да има станица за полнење електрични возила на секои 60 километри на главните автопати, како и станица за полнење водород на секои 150 километри.
Не сите се согласуваат со овој предлог
Регулативите влегуваат во многу повеќе детали, па така бараат и работи како што се „инсталиран капацитет за полнење 600 kW на секои 60 километри во секоја насока до 2030 година (вкупно 1,2 MW), вклучително и најмалку две точки за полнење од 150 kW по насока“. Reuters исто така истакнува дека според проектот на Европската комисија, треба да има 3,5 милиони станици за полнење до 2030 и 16,3 милиони до 2050 година.
„Економијата на фосилни горива ги достигна своите лимити. Ние сакаме да и оставиме на следната генерација здрава планета, како и добри работни места и раст што не ја повредува нашата природа“, изјави претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Сепак, не сите се согласуваат со ова, а Европската асоцијација на автомобилски производители истакна дека „предложената цел за намалување на CO2 кај автомобилите за 55 проценти до 2030 година ќе биде исклучително предизвикувачки“. Претседателот на ACEA и извршен директор на BMW, Оливер Ципзе, истакна дека „без значително зголемени напори од сите засегнати страни – вклучително и земјите членки и сите инволвирани сектори – предложената цел едноставно не е остварлива“.