ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Електричната Honda E без странични ретровизори (Видео)

Honda најави дека целосно новиот и 100% електричен прв градски модел ќе биде пуштен во продажба без конвенционалните странични огледала

Honda најави дека целосно новиот и 100% електричен прв градски модел на марката – Honda E, ќе биде пуштен во продажба во Европа без прифатените за стандард класични странични огледала. Тие ќе бидат заменети со иновативниот систем Side Camera Mirror System кој ветува предности во однос на дизајнот, безбедноста и аеродинамиката.

Системот Side Camera Mirror System на Honda ги заменува класичните странични ретровизори со пар камери кои пренесуваат слика кон два 6-инчни екрани во внатрешноста. Екраните се интегрирани во двата краја на ветробранската табла, а се позиционирани максимално блиску до местото на кои сме навикнати да гледаме во надворешните ретровизори.

Од Honda велат дека замената на класичните странични ретровизори со камери ветува подобрување во аеродинамиката со околу 90% во споредба со стандардни огледала, а вкупниот коефициент на автомобилот се подобрува со околу 3,8%. Side Camera Mirror системот на Honda нуди работа во два основни режима- нормалниот приказ и широк агол, гарантирајќи подобрена видливост за 10% и 50% во зависност од избраниот режим на работа.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close