Мотоцикл од бамбус
Филипинската компанија Meep покажа електричен мотоцикл со панели од бамбус со тежина од само 6,5 килограми
Green Falcon е развиен во рамките на владината програма Bamboo Extreme, која финансира иновативни идеи за користење на дрвото.
Специјално за Green Falcon е развиен композит од два слоја бамбус и епоксидна смола. Според шефот на Meep, Кристофер Перес Ларсен, овој материјал е многу полесен од фиберглас, а може да се мери по цврстина со челикот.
Под бамбус-школката има скриени електромотори и батерии чии карактеристики не се пренесуваат.
„Зелениот сокол“ е дизајниран да одговори на градските мешаници, а максималната брзина е ограничена на 97 km/h. Aвтономијата со едно полнење на батеријата е 50 km.
Ларсен нема илузии дека бамбус-мотоциклот ќе влезе во сериско производство, но смета дека може да биде инспирација за други производители и добра идеја за поефикасно користење на достапните ресурси.
Филипинските власти планираат да засадат 10 милиони хектари бамбус до 2020 година.