НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Електричната верзија на Opel Corsa доаѓа во 2020 година

Opel официјално потврди дека електричната верзија на Opel Corsa ќе се вика eCorsa и ќе биде презентирана во 2020 година

Следната генерација на бестселер на германската марка ќе дебитира следната година, а веќе е јасно дека овој модел ќе биде изграден на PSA платформа. Електричната Corsa ќе биде произведувана во Сарагоса, во Шпанија и ќе биде првиот модел на брендот на платформа надградебна од Французите, откако PSA го купи европскиот гигант од GM минатата година.

Тоа е CMP платформа која веќе се користи во Peugeot 208, а eCorsa е електричен модел на e-CMP кој ќе се користи во вкупно 4 електрични возила што ќе бидат достапни на пазарот до 2021 година. Еден од нив ќе биде целосно електричен модел на DS, со нова луксузна понуда на Citroen, со деби во Париз оваа есен. Другите ќе бидат електричен модел на Citroen и електрична верзија на Peugeot 208.

Плановите на Opel / Vauxhall вклучуваат лансирање на електрифицирана верзија на секој модел во компанијата до 2024 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close