fbpx

Електричните тротинети на Momo Design достапни во Македонија

На македонскиот пазар пристигна интересна новина за наменета за урбаниот превоз. Имено, од сега на македонските купувачи им се достапни електричните тротинети од Momo Design.

Станува збор за електрични тротинети кои се одликуваат со урбан дизајн креиран од страна на Momo Design студиото во Италија, притоа опремени со врвна NFС технологија, а вреди да се напомене и anti-theft безбедносниот систем за заштита од кражба. Исто така, овие електрични тротинети се единствените кои на пазарот доаѓаат со сигнализатори за насока, односно трепкачи, со што се зголемува безбедноста во сообраќајот при секојдневното користење, а нудат и можност за конектирање со паметни заштитни шлемови.

За напојувањето на е-тротинетот е електромотор со завидна моќност од 400 вати, а купувачите добиваат и мобилна батерија која може да се отстрани од тротинетот и да се наполни во домашни услови или на работното место. Ова отвора можност и за поседување на резервна батерија за брза замена на истата. Тротинетот е поставен на 10-инчни тркала без воздух, со амортизери на предната и задната страна.

Електричните тротинети на Momo Design се достапни во повеќе бои, а за повеќе информации посетете го салонот на All Eleсtriс.

Поврзани вести

Back to top button