fbpx

Електричниот Lightyear One може да се напојува и од сонцето

Lightyear го претстави својот електричен прототип, кој покрај електричната, може да ја користи и соларната енергија за обезбедување на долг возен опсег

Холандската старт-ап компанија Lightyear го претстави својот прв прототипен модел под името One, кој се смета за првиот автомобил кој како напојување на користи сончевата енергија, притоа обезбедувајќи навистина долг возен опсег.

Дизајниран да ги реши проблемите поврзани со традиционалните електрични возила, како што е недостатокот на инфраструктура за полнење и “валкани” методи за производство на електрична енергија, One е опремен со соларни ќелии на моторниот капак и покривот. Соларни панели се протегаат на површина од 5 квадратни метри и се покриени со сигурносно стакло, кое, наводно, е доволно силно да го издржи движењето на просечна возрасна личност, без појава на вдлабнатини.

Lightyear One

Додека количината на електрична енергија што се генерира од панелите ќе се разликува, Lightyear вели дека моделот треба да биде во можност да создаде дополнителни 50 до 70 km опсег секој ден во текот на летото во Холандија. Во текот на една година, компанијата вели дека автомобилот може да генерира околу 700 kWh електрична енергија.

Компанијата не откри дополнителни детали за моторите, но потврди дека One е опремен со четири електрични мотори поставени кај тркалата и релативно мала батерија. Тие тврдат дека ваквата конфигурација ќе обезбеди опсег од 725 km во согласност со WLTP.

Бидејќи возачите не можат секогаш да сметаат на сонцето, One исто така е опремен и со традиционалните приклучоци за полнење. Lightyear вели дека сопствениците ќе можат да достигнат опсег до 400 километри со полнење на возилото преку ноќ со обичен приклучок од 230V.

Дел од причината за импресивниот опсег е екстремно аеродинамичната форма на One. Компанијата сé уште работи на финализирање на дизајнот, но сегашниот коефициент на влечење е проценет на 0,20. Ова е постигнато преку аеродинамичните тркала, дигиталните странични ретровизори и полу-блокирани отвори за задни тркала.

Додека автомобилот е сеуште прототип, компанијата планира да започне со производствен модел во 2021 година. Првите 100 возила веќе се резервирани, но се уште има 400 отворени места за резервации, со цена на чинење од 119.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button