Електричниот предводник на Mercedes го покажа производниот изглед

Ова е прв пат прототип на Mercedes EQS кој на светот му го покажува финалното производно тело, откривајќи значајни разлики со следната генерација на S-Класа

Престојанта генерација на S-Класа ќе продолжи како седан со четири врати, додека пак EQS го прифаќа стилот на fastback со пет врати, сличен на Porsche Taycan и Audi e-tron GT, неговите главни конкуренти.

Целосно електричниот погон на EQS им овозможи на дизајнерите на Mercedes-Benz да бидат похрабри кон креирање на овој модел. Самите пропорции го покажуваат ова, каде телото добива рамна форма во предниот дел, кратка хауба, кровна линија со купе-косина и широк заден дел. Меѓуоскиното растојание по се изгледа дека е дарежливо и овозможува пространа внатрешност.

Во предниот дел, разликата со S-Класата се забележува во решетката, која кај EQS е порамна и има различна форма. Тука се и елегантните фарови кои наликуваат на тие кај CLS, кој изгледаат како финален елемент, додека пак задните светла се сеуште привремени.

Mercedes

Електричниот Mercedes EQS се очекува да постави нови стандарди во електричната мобилност и автономното возење, кога ќе започне со производство некаде во 2021 година. Се очекува да се базира на новата EV-ексклузивна модуларна електрична архитектура на Daimler (MEA). Извештаите тврдат дека EQS ќе има два електрични мотори, по една на секоја оска, со нивоа на моќност на основниот модел проектиран да ги надмине оние на 400 коњски сили на кросоверот EQC. Можно е Mercedes да подготви и AMG верзија, која ќе доаѓа со моќност поголема од 600 коњски сили.

Што се однесува до батерискиот пакет, EQS би требало да добие возен опсег поголем од 500 километри. Како и следната генерација S-Class, електричниот предводник ќе добие иста активна суспензија која работи со систем од 48 волти и стерео камера која го скенира предниот дел од патот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close