fbpx

Електричните возила ќе чинат исто како конвенционалните

Според најновото истражување, производството на електричните автомобили би можело да чини исто како и оние со конвенционален погод до 2024 година

Истражувањето кое го спроведе инвестициската банка UBS наведува дека дополнителниот трошок за производство на електричните возила во споредба со возилата со конвенционален погон ќе опадне на само 1.900 долари до 2022 година, пред разликата да стане практично непостоечка во 2024.

UBS дојде до овој заклучок преку анализа на батериите од седумте најголеми производителите на батерии. Сето ова е поради фактот дека батериите сочинуваат меѓу една четвртина и две петтини од трошокот за целото електрично возило. Инвестициската банка исто така додаде дека трошокот би можел да опадне на помалку од 100 долари по киловат час до 2022 година.

UBS исто така очекува пазарот на електричните автомобили да достигне 17 проценти од глобалната продажба до 2025 година и 40 проценти до 2030.

„По 2025 година ќе останат малку причини за да се купи автомобил со конвенционален погон“, изјави аналитичарот на UBS, Тим Буш. Буш исто така додаде дека опаѓањето на трошокот за батериите нема да служи само како последен чекор кон исчезнувањето на конвенционалните возила, туку исто така ќе ја елиминира и финансиската конструкција за хибридните возила.

Се верува дека намалувањето на трошокот на батериите ќе придонесе за побрзо пренасочување кон електричните возила, кои веќе уживаат зголемена продажба во Европската унија и Кина. Ова го наведе независниот автомобилски аналитичар Матијас Шмит да предвиди дека милион електрични и хибридни возила ќе бидат продадени во 2020 година во Европската унија, од вкупно 11 милиони возила.

Поврзани вести

Back to top button