Елена Ристеска – бренд амбасадор на новиот JUKE

Поп ѕвездата Елена Ристеска денес за време на осмомартовското „Женско рели 2020“ пристигна со новиот купе кросовер NISSAN JUKE

Во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) денес се организираше традиционалното осмомартовско рели. Елена пристигна со својот миленик подготвена за победа:  Заљубена сум во возилата на Nissan, иако ми беа понудени повеќе опции, уникатноста на моделот беше пресудна да изборот падне токму на JUKE – изјави Елена Ристеска.

Премиум брендот Nissan со својата понуда на иновативни и наградувани кросовери, а исто така и популарни електрични возила го најавува пристигнувањето на JUKE – купе кое покрева една нова револуција – моделот подготвен уште еднаш да ги надмине своите перформанси на сегментот што и самиот ги создал. Покрај аеродинамичната каросерија и изглед кој воодушевува новиот JUKE ја поседува најсовремената технологија како: Nissan Intelligent Интеграција, Nissan Intelligent Mobility и ProPILOT технологија.

Elena Risteska Nissan Juke

„Со напредна безбедност и поддршката при возењето сигурни сме дека е идеален партнер за сите професионални и приватни патувања на Елена која е дел од нашето Nissan семејство и долгогодишен пријател на авто куќата Аутомотив Груп.”– изјави Симона Николовска – лице за односи со јавност во Аутомотив Груп при презентирањето на партнерството.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close