ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Елон Маск „ја купува“ Tesla за 71 милијарда долари

Генералниот директор на Tesla, Елон Маск, сака да ја претвори компанијата од јавна во приватна и за таа цел ќе ги откупи сите акции, соопшти самиот тој на својот профил на Twitte

Генералниот директор на Tesla, Елон Маск, сака да ја претвори компанијата од јавна во приватна и за таа цел ќе ги откупи сите акции, соопшти самиот тој на својот профил на Twitter, каде објавува секојдневно.
Целата операција ќе го чини Маск точно 71 милијарда долари, открива тој и додава дека парите веќе се обезбедени. Идејата е трансформацијата во приватна компанија да избегне нагли флуктуации во цената на акциите. Ако идејата биде одобрена од страна на акционерите, на нив ќе им биде понудено да ги продадат своите акции за 420 долари по акција, а моментната нивната цена на берзата е 379,57 долари.

– Како јавно претпријатие сме подложени на сериозни флуктуации во цените на акциите, што влијае на вработените на Tesla, од кои повеќето се и акционери во компанијата. Тоа понекогаш не тера да донесуваме одлуки за краток период, што потоа се покажува дека долгорочно не се точни, објасни Маск на блогот на компанијата на Twitter.

Според аналитичарот на агенција Loup Ventures, Џин Манстер, намерите на Маск се сосема логични, бидејќи очекувањата на инвеститорите се за брзо враќање на вложеното – до 3 месеци, додека долгорочните намери на компанијата се за инвестиции кои ќе донесат профит по некое време. Самиот Маск е најголемиот инвеститор во Tesla, располага со околу 20% од акциите. По него се редат инвестициските фондови T. Rowe Price и Fidelity со 9 и 8%, следени од фондот Baillie Gifford со 6%.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close