fbpx

Model Y, новата идеја на Елон Маск за Tesla кросовер

Производството на Model 3 е во полн тек, а и новиот Roadster e на пат за 2020, но сепак Tesla најавува нов модел кросовер, Model Y.

На пресконференцијата за тримесечниот финансиски извештај, Муск ја потврди идејата за новиот електричен кросовер, Tesla Model Y.

Овој модел освен платформата од Model 3, се очекува да позајми и многу други карактеристики, но сепак во повисока компактна кросовер форма. Со ова, тој би претставувал сериозен конкурент во класата на Mercedes EQC и Jaguar I-Pace.

Од Tesla не откриваат многу детали, но најавија дека новиот Model Y ќе доаѓа со истите ‘Falcon Wing’ врати како кај Model X.Наводно развојот на ова возило е веќе во напредна фаза, па така очекуваме Tesla да го претстави овој модел во март нареднатагодина. Неговото производство се претпоставува дека ќе започне во почетокот на 2020 година, во новата гига-фабрика во Шангај, каде ќе се произведува и Model 3.

Што се однесува до цената на Model Y, таа би требало да започне од околу 45.000 долари, со што овој модел би претставувал прилично поевтин од Model X, но сепак малку поскап од Model 3.

Поврзани вести

Back to top button