Европските производители не веруваат во водородната технологија
Европските автомобилски производители вклучително Volkswagen и Stellantis веќе не веруваат во иднината на водородни горивни ќелии
Во најновиот извештај на Financial Times се нагласува двоумењето на неколку автомобилски производители да продолжат да инвестираат во технологијата за водородни горивни ќелии. Сето ова доаѓа во време на притисокот на Европската унија за карбонска неутралност до 2050 година, план во кој водородот се гледа како клучен столб.
Во извештајот се наведуваат неколку европски производители кои се повлекуваат од автомобилите на водородни горивни ќелии, вклучително и Volkswagen, Stellantis, Mercedes-Benz и BMW. Сепак, извештајот открива дека големите играчи од Далечниот Исток како Toyota и Hyundai, продолжуваат агресивно да се залагаат за усвојување на водородните горивни ќелии како алтернативно гориво.
„Нема да видите никакво користење на водород во автомобилите. Нема ниту за 10 години, бидејќи физичката која стои зад оваа технологија едноставно е неразумна. Не можете ги третирате горивните ќелии како мотор на внатрешно согорување. Потребна е 10 kW батерија потребен е електромотор и потребно е да се стартува горивната ќелија“, открива Херберт Дис за Financial Times.
Во меѓувреме, Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis, наведува дека компаниите кои ги туркаат водородните автомобили се оние кои заостануваат кога станува збор за батериската и ЕВ технологијата.
Водородните горивни ќелии кај комерцијалните возила
Сепак, не е се така црно кога станува збор за европското лоби за хидрогенски транспорт. Renault верува дека постои силен потенцијал за комерцијалните возила да го прифатат погонот на водородни горивни ќелии. Шефот за алтернативни горива во Renault, Филип Превел, има за цел да достигне барем 30 проценти од пазарот на лесни комерцијални возила со водороден погон.
Превел смета дека камионите треба да достигнат опсег од повеќе од 300 километри и за таа цел им е потребен водородот. Тоа е поради тежината на батериите, заедно со дополнителниот товар, е премногу голем за батериските електрични возила да имаат смисла и цел во ваква ситуација.
Но, Херберт Дис, кој преку Volkswagen ги контролира брендовите MAN и Scania, останува на својот став дека батериската технологија е иднината, без оглед на тежината, истакнувајќи дека високите трошоци за водородот би можеле да ја зголемат за три пати цената по поминат километар во однос на електричните камиони.