Европско деби во Гудвуд за Tesla Model 3

Иако Фестивалот на брзината во Гудвуд е мегдан каде пристигнуваат најубавите автомобили, егзотични изведби, уникатни остварувања, спортски машини... годинава европските потрошувачи ќе можат да видат и еден сосема нов електромобил- Tesla Model 3

Компанијата ќе се обиде да им претстави на клиентите остварување со управувач на левата страна,бидејќи не е предвидена динамичка премиера, туку само статично деби. Првобитниот план на Калифорнијците беше да го претстават моделот на Стариот континент во почетокот на оваа година, но плановите се променија поради проблеми со производство на истиот во САД.

Се уште не е познато по која цена клиентите во Европа ќе можат да го нарачаат моделот, но се претпоставува дека таа информации ќе биде споделена за време на премиерата во Гудвуд. Tesla најавува дека уште на стартот ќе ги понуди сите верзии на моделот на нашиот континент, вклучително и најбитната изведба, па се до топ варијантата со 260 КС со два електромотори, која до „стотка“ забрзува за само 4,5 секунди.

Гудвуд

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close