НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Exige Cup 430: Новата јаготка на Lotus

За својот најнов Exige Cup 430, од Lotus коментираат дека тоа е најекстравагантниот двосед кој компанијата некогаш го создала

Exige Cup 430 пристигнува со специјално доработен и модифициран за оваа цел мотор, лесна конструкција, оптимизиран за движење со висока брзина, врвна аеродинамика… Под хаубата на Exige Cup 430 е 3.6 литарски V6 погонски агрегат со максимална моќност од 430 коњски сили и вртежен момент од 440 Nm.Тежината на возилото е само 1.053 килограми и е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за минимални 3.3 секунди и да развие максимална брзина на движење од 290 km/h, а за постигнување на овие резултати сериозна улога игра и специјално развиениот карбонски аеродинамичен пакет.

Exige Cup 430

Во стандардната опрема на Lotus Exige Cup 430 се вклучени исто така шест-брзински мануелен менувач, издувен систем од титаниум, прилагодлива суспензија, електронска стабилизирачка програма со четири режими на работа (Drive / Sport / Race / Off), систем за контрола на гумите, со шест режими (1%, 3%, 6%, 9%, 12% и Off), диодни дневни светла, паркинг сензори …
Exige Cup 430 е со цена од 99.800 фунти за Велика Британија, а 127.500 евра за Германија и 128.600 евра за Франција.

Клучни зборови

Поврзани вести

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker