fbpx

F1 доби најбрз и најмоќен безбедносен автомобил

Новиот автомобил за безбедност во Formula 1 - Mercedes-AMG GT R, ќе дебитира овој викенд на Гран при на Австралија и ќе влезе во историјата како најмоќниот и најбрзиот автомобил кој ќе ја предводи колоната во случаи кога треба да излезе на патеката

GT R ја менува верзијата GT S, кој се користеше до крајот на сезоната 2017 и во пракса е многу блиска до тркачки машини. Последната творба на Mercedes-AMG е со керамички-карбонски сопирачки и ролбар во кабината, па дури и светлата на покривот се со посебно аеродинамично обликувана плоча од карбон.

GT R

Во ентериерот централно место заземаат два таблети iPad – едниот покажува директното ТВ емитување на случувањата на патеката, а другиот – положбата на болидите на патеката во реално време. Пилотот за безбедносното возило постојано има радио врска со директорот на трката за да може да реагира колку што е можно побрзо на неговите наредби.

GT R

Mercedes-AMG GT R е управувано од 4.0-литарски V8 мотор со две турбини со моќност 585 коњски сили и вртежен момент од 700 Nm.

Максималната брзина на автомобилот е 318 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h – 3,6 секунди. Како и претходните автомобили, кои ја вршеа оваа улога, новиот GT R повторно ќе има тешка задача да одржува поголема брзина во свиоците, за да им се олесни на пилотите да ја одржуваат температурата во гумите додека се движат во колона зад него.

GT R

Поврзани вести

Back to top button