fbpx

Фантастичен старт за Volvo во 2018

Шведскиот производител „под капата на Geely“ имаше импресивни продажби за 2017 кога забележа рекордни остварувања, а одлично го започна и првиот месец од годинава

Во текот на изминатиот месец, продажбата на Volvo низ целиот свет се подобри за 22,4%, или 43.439 единици, што е навистина извонреден резултат во однос на рекордните за компанијата минатата година, 35.475 автомобили. Како главни мотори за нивниот успех, брендот ги означува XC60 и претставници од Серијата 90.

Volvo

Продажбата на Volvo се зголеми значително, со 38 проценти, или 11.537 единици во Кина, додека во Европа подобрувањата се исто така импресивни +11.7 проценти, односно 21.061 возила. Најпродаван автомобил на Volvo минатиот месец беше XC60 со 11.656 единици, потоа XC90 со 6.772 и S90 со 6.057 единици.

Поврзани вести

Back to top button