fbpx

FCA ја обвини Mahindra за копирање

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) се обидува да го забрани пласманот на Mahindra Roxor, индискиот двојник на култниот Jeep Willys, на пазарот во Северна АмерикаFiat Chrysler Automobiles (FCA) се обидува да го забрани пласманот на Mahindra Roxor, индискиот двојник на култниот Jeep Willys, на пазарот во Северна Америка

Имено, цената на индиската машина изнесува импресионирачки 15.499 долари, што е навистина многу под моделите на Јеер. Во жалбата поднесена до Комисијата за меѓународна трговија на САД се вели дека индискиот автопроизводител Mahindra & Mahindra Ltd. користел во дизајнот на својот модел стилски елементи од Jeep, квадратна каросерија, рамните страници и идентична заден дел.

Алијансата стравува дека надворешно, практично идентичениот и евтин индиски теренец ќе ги заинтересира потенцијалните клиенти и ќе предизвика пад на продажбата на FCA. Според статистика во јули продажбата на Jeep била рекордна со раст од 16%, што е за 5,9% повеќе од јули минатата година.

Од раководството на индискиот производител ги отфрлаат обвинувањата на FCA, нагласувајќи дека „компаниите имаат долги лиценцирани односи, уште од 40-тите години на минатиот век”, кои продолжуваат и денес.

1 | Mahindra
2 | Mahindra
3 | Mahindra

    Нашите производи, вклучувајќи го и Roxor, го оправдуваат наследството на овие односи и условите на нашите аранжмани со FCA. Mahindra повеќе од 25 години соработува со FCA (и марката Jeep) во Индија и во многу други земји, рече претставникот на северо-американската поделба на индиската компанија, Рич Ансел.

    Mahindra Roxor дебитира овој март, моторот му е 2.5-литарски дизел со моќност од 63 КС (195 Nm) во спрега со петстепен мануелен менувач. Поради некои карактеристики на дизајнот и отсуството на системи за безбедност, не може да се користи на нормални американски патишта. Лани Mahindra & Mahindra Ltd., која се позиционираше како најголем производител на SUV модели во Индија, отвори нов погон во Југо-источен Мичиген.

    Тогаш беше најавено дека компанијата е подготвена да инвестира 600 милиони долари во реновирање на монтажната линија на Roxor во Мичиген, а до 2020-та година да го зголеми бројот на вработените на 670 лица.

    Поврзани вести

    Back to top button