fbpx

Ferrari 499P Modificata е уште помоќна верзија на победникот на Ле Ман

Ferrari 499P Modificata испорачува импресивни 870 КС преку својот хибриден V6 систем со погон на сите четири тркала

Четири месеци откако Ferrari дојде до историска победа на 24 часа Ле Ман, италијанскиот производител претстави специјална верзија на победничкиот 499 наменет само за тркачките патеки и за љубителите на тркањето со подлабок џеб. Наречен е 499P Modificata и нуди уште повеќе перформанси од победникот на Ле Ман.

За напојувањето на 499P Modificata е задолжен истиот 3.0-литарски битурбо V6 како кај тркачкиот автомобил кој е надополнет со електричен мотор на предната оска. Клучната разлика помеѓу 499P Modificata и автомобилот од Ле Ман е тоа што овој нов модел (достапен за приватни купувачи) ја користи својата електрична помош од место, додека тркачкиот автомобил може да ја распореди својата електрична енергија само над 190 км/ч.

Ferrari 499P Modificata

Ослободен од регулативи, Ferrari има имплементирано и систем „Push to Pass“ кој испорачува дополнителни 161 КС со притискање на копче. Со сето ова наведено, 499P Modificata испорачува 870 КС. Сите примероци на овој Ferrari, исто така, стандардно доаѓаат со специјални пневматици од Pirelli со димензии 310/70-18 напред и 340/70-18 назад, со структура и шари што произлегуваат од технологијата во Formula 1. За автомобилот е развиена и прилагодена гума за дожд.

Ferrari 499P Modificata

Мала разлика во изгледот

Од визуелна гледна точка, многу малку може да се разликува 499P Modificata од автомобилот што победи на Ле Ман. Секое парче од каросеријата е изработено од лесен карбон и иако Ferrari не наведува цифра на потисна сила, очигледно ќе биде многу. Исто така, нема забележлива разлика помеѓу кабината на 499P и автомобилот на кој се базира. Всушност, Ferrari вели дека „на клиентите ќе им го обезбеди истото возачко искуство како и екипажот што ги возеше тркачките автомобили бр. 50 и бр. 51 кои победија“ на Ле Ман во јуни.

Ferrari 499P Modificata

Сопствениците ќе можат да излезат на патеката со нивните 499P Modificata преку програмата Sport Prototipi Clienti на Ferrari на голем број меѓународни патеки секоја година. Самиот производител на автомобили ќе се справи со сета логистика и транспорт на возилото до одредена патека, помош на патеката и одржување.

Ова задоволство воопшто не е евтино. Цената на автомобилот започнува од 5,1 милиони евра пред оданочување, но вклучува две години управување со автомобилот во програмата Sport Prototipi Clienti.

Поврзани вести

Back to top button