НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Monza – новиот автомобил на Ferrari со две верзии

Monza автомобилите се изградени врз основа на Ferrari 812 Superfast и ќе бидат дел од новата група на модели Icona.

Автомобилите го добија името Ferrari Monza – верзија SP1 со само едно место и варијантата SP2 која е наменета за двајца. Дизајнот на двата модела е инспириран од класичните спортски автомобили 166 ММ, 750 и 860 Monza.

Шасијата е направена од јаглеродни влакна, а поради недостигот на покрив и ветробран возачот и патникот треба да користат шлем.

Технологијата на Monza – Virtual Wind Shield насочува дел од воздухот надвор од кабината за поголема удобност.

monza

Двете верзии ќе бидат опремени со најмоќниот двигагел во историјата на Ferrari – 6.5 литарскиот атмосферски V12 агрегат, чија моќ е зголемена од 800 на 820 коњски сили. Моторот е комбиниран со 7-брзински роботизиран менувач и погон на задните тркала. Забрзувањето од место до 100 km/h трае 2,9 секунди, а максималната брзина е 300 km/h.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close