fbpx

Ferrari со екстравагантно шоу го претстави новиот болид за Formula 1

Ferrari на спектакуларна свеченост во театарот Romolo Valli го претстави болидот за престојната сезона во Formua 1 под називот SF1000

Италијанскиот тим на екстравагантна вечер направи вистински спектакл и шоу во театарот Romolo Vali на претставувањето на новиот болид за престојната F1 сезона. Настанот беше проследен со диџеј, оркестар и танчери кои се појавија на сцената, а сето тоа со цел да го најават новиот Ferrari SF1000, придонесе за невиден спектакл досега во светот на автомото спортот.

Бојата на новиот болид, кој го доби името во чест на тоа што италијанскиот тим ќе учествува на својата 1.000-та трка во шампионатот, останува речиси непроменета во однос на претходната сезона, а посебно место и понатаму зазема иницијативата на главниот спонзор на тимот компанијата Philip Morris – Mission Winnow.

Јасно е дека ова ќе биде интересна година, преполна со неизвесно натпреварување, долга сезона, но и важна поради паралелата која мораме да ја креираме и да развиеме целосно нов болид во рамки на прописите кои ќе стапат на сила од 2021 година, така што тимот ќе биде мошне зафатен“, изјави извршниот директор на Ferari Луј Камиљери.

„Имам доверба во нашите жени и мажи, нивната креативност, дисциплина и одлучност, а над се работната етика која ја имаа претходно, што е заштитен знак на оваа компанија, која ја започна нашиот основач Енцо Ферари. Матија Биното и неговиот тим вршат одлична работа и се радуваме на успесите кои не очекуваат“, додаде директорот на Ferrari.

Ferrari подготвен за новата сезона

Ferrari е првиот тим кој во живо го претстави годинешниот болид, иако Haas минатата недела ги објави фотографиите од новиот модел, додека Mercedes ја прикажа новата боја, но на минатогодишниот болид.

Боите на италијанскиот тим ќе ги бранат истиот состав на возачи во однос на минатата сезона, а тоа се Шарл Леклер и Себастијан Фетел. Младиот возач од Монако пред неколку недели потпиша нов договор според кој во Scuderia Ferrari останува до 2024 година, додека четирикратниот светски шампион останува без договор на крајот од сезоната. Во текот на минатата кампања двајцата запишаа три победи и девет пол позиции.

Годинешниот шампионат од Formula 1 стартува со Големата награда на Австралија на 15 март.

Поврзани вести

Back to top button