fbpx

Ferrari го тестира хибрдниот модел Dino во Германија (Видео)

Според информациите од последните неколку месеци, Ferrari работи на два паралелни проекти. Првиот е развојот на серискиот хибриден модел (ограничената серија на LaFerrari не се брои), а втората - заживување на модеелот Dino со V6 моторот, кој треба да стане најприфатлив автомобил на брендот.

На крајот на краиштата, излегува дека овие два проекти се примарни и Ferrari очигледно работи на идниот Dino 488 хибрид. Прототипот на моделот беше забележан во Германија, a според податоците на Autoevolution во неговиот погонски систем е V6 моторот. Автомобилот е покриен со камуфлажа, се движи речиси тивко, што ги прави експертите да веруваат дека има електричен погон.

Прототипот пред еден месец беше приметен во базата на Маранело во Италија. Тој е изграден на моделот 488 GTB, со што компанијата најверојатно ќе го вклучи автомобилот во семејството 488 кога ќе влезе во производство. Ова се очекува да се случи на почетокот од 2020 година.

Производителот веќе има стекнато многу искуство во хибридни системи. Првиот проект во оваа насока беше концептуалната HY-KERS под која беше монтиран V12 мотор. Сепак, тежината на дополнителните компоненти – електричен мотор, батерија и тековен конвертор – ќе го принудат Ferrari да избере помал V6 мотор за да ја спаси тежината.

Поврзани вести

Back to top button