НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Ferrari ја лансира 488 PISTA SPIDER

Ferrari откри детали за новата 488 PISTA SPIDER што се претвора во еден од најдинамичните откриени автомобили на марката, а вкупниот број на модели кои ќе бидат направени изнесува 50 парчиња

Новиот 488 PISTA SPIDER е опремен со најмоќното V8 „срце” на Ferrari, кое е со работна зафатнина од 3.9 литри е во состојба да генерира максимална моќност од 720 коњски сили. Со специјално тематско креирање на екстериерот и ентериерот, со бројни карбон елементи и апликации, како и уникатни за модификација 20-инчни алуминеви фелни, новиот предлог од легендарната италијанска марка е развиен директно врз основа на 488 PISTA.

При разработката на Ferrari 488 PISTA се користат голем број на дизајнерски, архитектонски и инженерски решенија од стандардите наменети за шампионат World Endurance Championship на Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA), па како што е утврдено согласно нив има сериозно олеснета конструкција, оптимизиран погон, суспензија и аеродинамика.

Ferrari 488 PISTA SPIDER е со основни димензии, должина 4.605, ширина 1.975 и височина 1.206 милиметри и е во состојба да забрза од 0 до 100 km/h за 2,85 секунди и од 0 до 200 km/h за 7,6 секунди, а максималната брзина на движење на возилото е над 340 km/h.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close