ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Ferrari воведува втора смена во производството

Ferrari ужива невиден интерес кај купувачите, а тоа доведе до зголемување на производствениот капацитет на италијанската компанија.

Гигантот од Маранело планира да воведе втора смена на стартот на следната година, бидејќи периодот на чекање за испорака на нови возила е над 12 месеци. Планот на Ferrari за 2018 година е да продаде над 9.000 примероци од своите модели, а оваа бројка ќе се зголеми дополнително во 2019 година. Важна улога во ова ќе го игра првиот SUV на брендот што се очекува во следните неколку години,како одговор на Lamorghini Urus.

FerrariНа почетокот на следната година Ferrari ќе го открие својот петгодишен план, од кој треба да се разберат детали за тоа во која насока ќе се развива производителот. Едно е сигурно, Серџо Маркионе, кој ќе биде на чело на брендот уште 12 месеци, ќе посочи уникатен пат во кој ексклузивноста ќе мора да биде зачувана.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close