ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Ferrari заработува 69.000 евра од секој свој нов автомобил

Во свет полн со автомобили за сечиј вкус и секој џеб е тешко да се замисли дека на пазарот во моментов има модел од кој производителот не „ќарува“ барем по некое евро?!

Според студија на професорот по економија од Универзитетот во Дуисбург, Фердинанд Дуденхофер, во одреден степен очекувано како резултат, со најдобра заработка од секој свој реализиран претставник може да се пофали Ferrari, кој според пресметките на професорот, заработува 69.000 евра од секој продаден автомобил.

Кај Porsche профитот од продаден автомобил е околу 17.000 евра, а кај Mercedes, Audi и BMW е околу 9.000, кај Maserati околу 5.000, а кај Jaguar Land Rover е на ниво од околу 800 евра. Според истражувањето на Дуденхофер има и неколку автомобилски производители кои ги продаваат своите автомобили со загуба.

Два од најинтересните примери се Tesla и Bentley, секоја нова продажба на автомобил генерира соодветно 11.000 и 17.000 евра загуба.

Ferarri

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close