fbpx

Fiat 500e дебитираше со специјална La Prima едиција

Италијански Fiat и официјално ја претстави „стандардната“ хечбек варијанта на 500e откако претходно дебитираше кабрио верзијата

Електричниот Fiat 500e во стандардна, хечбек варијанта, конечно го дочека своето деби, а исто како и кабрио моделот, новата електрична реинкарнација на Fiat 500 на почетокот ќе се нуди во специјалната La Prima едиција, која вклучува панорамски стаклен покрив и се нуди во три ексклузивни бои – Ocean Green, металик Mineral Grey и трослојната Celestial Blue. Како дел од стандардната опрема исто така се и full LED предни светла, сет 17-инчни тркала, хромирани детали и тапацир од еко кожа во внатрешноста.

Електричниот погон на новиот Fiat 500e во хечбек верзијата комбинира 42 kWh батериски пакет со електромотор кој испорачува 116 КС, со што овој модел има автономија од 320 километри според WLTP со едно полнење. Од нула до „стотка“ автомобилот достигнува за 9 секунди, односно од 0 до 50 km/h се стигнува за 3,1 секунда. Максималната брзина е ограничена на 149 километри на час.

Fiat 500e

Fiat го опреми новиот 500e и со систем за брзо полнење од 85 kW. Благодарение на ова, новиот италијански електричен модел ја полни својата батерија до 80 проценти од капацитетот за само 35 минути со употреба на брз полнач, со оглед на тоа дека автомобилот е во состојба да се полни и на наизменична и на еднонасочна струја.

Богата опременост

Италијанскиот производител на автомобили ќе им понуди на клиентите и две решенија за полнење во домашни услови. Првиот е системот easyWallbox кој едноставно може да се приклучи на домашен штекер без потреба од професионална инсталација. Овој систем го полни Fiat 500e со моќност до 3 kW. Системот може да се надогради и на 7,4 kW, овозможувајќи целосно полнење во домашни услови за нешто повеќе од шест часа.

Fiat 500e

Новиот Fiat 500e исто така е првиот модел во својот сегмент кој има автономна возачка функција од второ ниво, како и прв модел на FCA групацијата кој ќе го понуди новиот UConnect5 инфозабавниот систем кој работи преку 10,25-инчен екран и се карактеризира со Apple CarPlay и Android Auto.

Fiat 500e

Купувачите веќе можат да го нарачаат новиот Fiat 500е La Primа, а цената на моделот изнесува 34.900 евра во Италија, притоа треба да се напомене дека во секоја земја во која ќе се продава овој автомобил, серијата ќе биде ограничена на 500 примероци во La Prima едицијата.

Поврзани вести

Back to top button