НАСЛОВНАСАЕМИТЕХНОЛОГИЈА

Fiat 500e: концепт кој чита мисли

На CES 2019 Harman International го одбра Fiat 500e, за да ја претстави својата технологија

Станува збор за електрично градско возило кое за приликата остана без покрив и задни седишта. Овој мал двосед има исклучително добар технолошки пакет. Она што Harman International успеа да направи е да обезбеди сензори кои му овозможуваат на автомобилот да ја следи, снима и оцени својата околина.

Со помош на трите камери поставени на задната врата, аголен радар, камера со голем дострел, и лев и десен сензор, Camera Monitoring системот поставен во ова возило овозможува следење на слепи точки, помош при промена на лентата и предупредување при судир од друго возило.

Fiat 500e by Harman има Forward Facing Camera која овозможува перцепција на лента, објекти, знаци. Благодарение на интеграцијата со далечинскиот радар (LiDAR), системот може да ги детектира возилата напред и да одржува безбедно растојание додека сте во движење.

Софистицираната технологија вградена во Fiat 500e располага со систем за следење на кабината, со тоа што овозможува следење на срцевиот ритам на возачот и другите патници во возилото, погледот, дијаметарот на зениците, дишењето на патниците па дури и да чита мисли.

Според Harman мониторингот на возачот и неговата емотивна состојба е од главно значење за успехот на полуавтономните возила во иднина.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close