fbpx

Fiat Chrysler Automobiles со 420 милиони евра заем од ЕИБ

Автомобилскиот гигант Fiat Chrysler Automobiles (FCA) објави дека компанијата потпиша договор за четиригодишен заем од Европска инвестициона банка (ЕИБ), во износ од 420 милиони евра

Од Fiat Chrysler Automobiles велат дека сумата ќе биде користена за помагање на развојот на компанијата на неколку проекти кои ќе бидат воведени од фирмата до 2020 година. Како главни точки за идната инвестиција од FCA се посочуваат неколку клучни области, вклучувајќи ја стратегијата електрификација со хибридни и целосно електрични автомобили, како и најновите случувања во областа на автономното управување.

Компанијата исто така ќе работи на креирање состави за поврзување, како и други дигитални решенија.

На почетокот на овој месец шефот на FCA, Серџо Маркионе, ги откри првите детали за новиот среднорочен план за развој на дел од брендовите во семејството на Fiat Chrysler Automobiles, а акцентот падна врз иднината на Jeep и Alfa Romeo. Кај првиот, од актуелните шест модели, во 2022 година JEEP ќе нуди 11, вклучувајќи ги новите Wagoneer и Grand Wagoneer, целосно нов модел со три реда седишта, Grand Cherokee и други.

Секој од дизајните на брендот исто така ќе биде достапен во електрифицирана верзија. До 2022 година компанијата ќе понуди на пазарот 10 plug-in хибридни автомобили, како и 4 целосно електричен. Кај Alfa Romeo во следните 4 години ќе видиме оживување на двете икони GTV и 8C, а и двата автомобила ќе бидат електрифицирани.

Fiat Chrysler Automobiles

 

Поврзани вести

Back to top button