Fiat го „воскреснува“ Topolino благодарение на Citroen Ami
Италијански Fiat ќе го врати култното име Topolino на сцената со помош на малото електрично возило на Citroen, моделот Ami
Култниот Topolino назив за последен пат кај производствено возило е искористен пред повеќе од 60 години. Сепак, Fiat сака да го врати на сцената ова легендарно име со целосно ново мини електрично возило. Нема да биде дизајнирано „од нула“, туку наместо тоа ќе биде базирано на возилото кое го продава Citroen.
Според информациите на Automotive News Europe, Fiat ќе добие верзија на Citroen Ami и првиот прототип на моделот е веќе прикажан на дилерите. Еден од оние кои имале шанса да го видат возилото во живо за публикацијата тври дека е нешто подобра варијанта во однос на оригиналниот модел на Citroen.
Во голем број европски земји Ami се квалификува како чечтирицикл поради ниската моќност и малата големина. Со возилото може да управуваат и деца од 14 години, што го прави идеален за приградските и градските подрачја. Исто како и Ami, Topolino се очекува да се продава во патничка и карго верзија, а не е исклучена и можноста за кабрио модел со мек покрив.
Со должина од 2,41 метри, Ami има доволен простор за две возрасни лица и се напојува од мал електромотор со максимална моќност од само 8 КС. Максималната брзина е 45 километри на час, а 5,5 kWh батеријата обезбедува 75 километри автономија на движење со едно полнење.
Верзијата на Fiat се очекува да дебитира со истите технички спецификации, иако според извештајот на Automotive News, Topolino би можел да се одликува со поелегантна кабина. Исто како и Citroen Ami, како и Opel Rocks-e кој е ребрендирана верзија на истото возило, Topolino ќе се склопува во фабриката на Stellantis во Кенитра, Мароко.
Оригиналниот Fiat 500 Topolino е градски автомобил кој беше произведуван од страна на италијанскиот производител од 1936 до 1955 година.