Fiat Fastback со нов SUV концепт во Бразил
Елегантниот концеп наречен Fiat Fastback дебетираше во Сан Паоло
Со цел да ги прошири своите SUV придонеси на бразилскиот пазар, Fiat го претстави својот нов SUV концепт на Интернационалното мото шоу во Сан Паоло, со што ја покажа својата визија за иднината во овој актуелен сегмент.
Концептот Fastback со својот изглед наликува на купе-SUV, чија силуета не потсеќа на онаа на Mercedes GLC Coupe.
Во предниот дел на овој SUV се наоѓаат двослојни фарови кои се поврзани со мала осветлувачка лента која се протега по работ во пределот под предната хауба. Исто така има и втор сет на светла кои се наоѓаат во самите краеви на предната решетка, која со својот дизајн наликува на таа кај Fiat Toro.
Дизајнот на задниот дел е ориентиран кон придонесување на поспотрски изглед на овој концепт. Задниот браник е со прекрасен дизајн, а е надополнет со широки рефлектори поставени во долниот дел.
При претставувањето на овој концепт, Fiat беа сконцентрирани чисто на надворешниот изглед на возилото, додека внатрешноста не беше претставена, а и воедно беше недостапна со тоа што беше скриена зад темно затемнетите стакла на возилото.
Таинственоста беше задржана и во делот на платформата како и погонот кај овој модел. Но според тоа што можеме да го видиме од големината на Fastback, може да претпоставиме дека ќе ги користи истите основи на кои се базираат и Jeep Renegade, Compass и Fiat Toro.
“Fastback претставува материјализација на промените на Fiat”, изјави комерцијалниот директор на Fiat, Херландер Зола.
За време на говорот на овој настан, претседателот на FCA групацијата, Антонио Филоса објави план за инвестирање во бразилскиот пазар од 2,12 милијарди долари до 2023 година за нови модели, мотори и мултимедијални системи. До тогаш, овој производител планира да претстави 15 нови модели на овој пазар.
Производната верзија на Fastback би требало да биде меѓу оваа бројка, па така би се очекувало да пристигне во 2020 година.