ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

FIAT го обновува Tipo за 2019 година

FIAT ги откри првите детали за новата верзија на хит моделот Tipo кој е достапен во три главни варијанти на каросерија со 4 и 5 врати, како и комби, а истите ќе имаат четири нивоа на опрема- Street, Mirror, S-Design и Sport.

Една од главните новини кај Tipo 2019 е поврзана со воведувањето на новото ниво на опрема S-Design, каде ќе се нуди во две бои Passione Red / Black контрасен екстериер и целосно нов црн ентериер.

Нивото на опрема Sport што е развиен врз основа на опремата S-Design, има надградени елементи, вклучувајќи преден и заден браник, странични прагови, спојлер за таванот и заден дифузер.

Tipo

Верзиите за 2019 година на Tipo Sport и S-Design добиваат нов 1.4 литарски бензински мотор и 1.3 литарски Multijet со 95 коњски сили, кои се приклучуваат на познатите 1.4 литарски T-Jet и 1.6 литарски Multijet со 120 коњски сили.

FIAT коментираше дека нивоата на Mirror и Street продолжуваат да ги насочуваат кон семејствата и помладите потрошувачи.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close