fbpx

Ford го додава Waze на системoт SYNC 3

За време на специјализираниот саем Mobile World Congress во Барселона, Ford објави дека од април оваа година апликацијата Waze ќе добие целосна интеграција во инфо-забавниот и комуникациски систем SYNC 3

Со повеќе од 100 милиони активни корисници, Waze, навигациската и мобилна апликација за мобилни телефони е најголема во светот, користејќи информации во реално време.

Waze-Waze ја извршува функцијата на предупредување за над 100 милиони наши пријатели на пат, за она што се случува пред вас.

Сега кон нив ќе се вклучат и големиот број возачи на Ford, кои ќе имаат можност безбедно да добијат пристап до нашата програма кога се наоѓаат зад управувачот, на екранот на нивниот автомобил, вели Јенс Барон, шеф за интеграција на апликации за автомобилите.

-Waze е многу повеќе од црвена линија на картата- тоа се одразува на огромната заедница на возачите во движење, кое ни овозможува да го следиме сообраќајот низ целиот свет.

Поврзани вести

Back to top button