fbpx

Ford планира тројно да ја зголеми продажба на кросовери во Европа

Еден од најочекуваните Фордови модели на европскиот пазар во моментов несомнено е големиот кросовер Edge, кој е сместен во гамата врз мошне успешниот компакт Kuga

Еден од најочекуваните Фордови модели на европскиот пазар во моментов несомнено е големиот кросовер Edge, кој е сместен во гамата врз мошне успешниот компакт Kuga. По навистина извонредниот старт во САД, Edgе ќе се обиде да ги освои во целост и европските купувачи, бидејќи стартува во сегментот кој од година во година е најбрзорастечки на Стариот континент. А, што навистина Edge му нуди на возачот и колку е приспособен за европскиот купувач, Авто Плус имаше извонредна прилика да дознае се што треба, пред новината да тргне во својот освојувачки продажен поход, на паневропската презентација во околината на Минхен.

Ford Edge пристигнува во висински момент, тој се соочува со претежно луксузно ориентирана конкуренција на европските производители, бидејќи Јапонците отстапија од SUV-D сегмент во Европа, речиси без борба. За да се натпреварува со ѕвездите од Mercedes или BMW, Ford Edge нуди навистина добар производ кој при првиот контакт остава повеќе од солиден впечаток. Не е тајна дека станува збор за модел кој имаше за цел да го освои американскиот, но со својата европска ориентација се чини дека ќе ги отвори срцата и на европските фанови на полуксузните SUV изданија. Самите димензии потврдуваат дека ова е голем SUV (должина 4.810 mm), а робусноста се одликува со голема карактеристична за брендот маска на ладилникот, со остри спортски линии и високи страници. Фордовите детали со европски признак го прават да се разликува од оние класични амерички остварувања, но се чини дека тука се крие и дизајнерската тајна на одделението на Ford во Келн. Сосем очекувано, надворешната величина обезбедува и многу простор во внатрешноста за пет патници и голем.

Ford |  
Ford |  

    Кога веќе сме кај ентериерот, токму просторноста е еден од најголемите адути на ова издание. Патниците на предните седишта со задоволство, освен комодитетот ќе ја нагласат прегледноста, а пак оние на задните ќе ја пофалат преклопливата задна клупа на која има многу место за колената и рамениците. Брзиномерот е опремен со два екрани во боја, кои можат да бидат конфигурирани поединечно. Ентериерот е достапен во опција со две бои, па и оној преслечен со кожа, на седиштата и панелите на вратите, како и климатизирани седишта. Новиот Ford Edge е и првиот SUV на Синиот овал со адаптивно управување. Електро управувањето нуди при ниски брзини поголема асистенција за побрза реакција и „зацврстување“ при повисоки брзини. Тајната е дека Ford успеал да го избалансира соодносот на управување, па затоа при високи брзини е потребно помалку маневрирање на воланот, бидејќи управувачот е директен. Дел од опремата се системите за поддршка (за мртов агол, за заштита од судир, адаптивна контрола на крстарење, одржување во лентата на движење) асист-составот при управување на нагорнина и надолнина, воздушни перничиња, завеси…За задните патници во Ford Edge се предвидени нов вид воздушни перничиња за ремениците, кои при несреќа се активираат со компресиран гас, па на тој начин ја зголемуваат безбедноста на патниците позади. За заштита од судир Ford ги интегрирал во новиот Edge систем од три радарски, ултразвучни сензори и систем со камери кои скенираат регионот пред возилото и прикажуваат пречки во рана фаза, дури и при слаба видливост.

    Исто така (делумно по избор) Ford Edge има можност и за избор за пакети од забавната електроника и веб мрежата, со Sync-2-систем со гласовно управување. Мултимедијалниот систем со AppLink може да пренесе одделни функции од смартфонот на возачот на екранот за управување на Ford Edge. За подобрување на удобноста и изолирање на бучавата, Ford ќе го користат новиот систем Active Noise Cancellation, со што се намалува шумот од ветер и од други извори во ентериерот. За таа цел од аудио системот на Ford Edge има функција – Против фреквенции, систем кој е добро познат за минимизирање на бучавата. Три микрофонот ја преземат функцијата, системот е незабележителн за патниците, но а нивото на бучава значително се намалува.

    Во агрегатската понуда има бензински мотор, 2.0 EcoBoost twin-scroll turbo со 248 KС и 373 Nm, во спрега со 6-степен автоматски менувач, а она што е сосема интересно за европските клиенти секако е дизелскиот 2.0 TDCi Duratorq turbo, кој ќе се нуди со две верзии на моќност, со 180 KС и 400 Nm, како и 210 KС и 450 Nm, со шестстепен мануелен или автоматски PowerShift. Со доплата во бројните состави треба да се издвои новиот Intelligent All Wheel Drive погон за сите тркала, инаку сериски моделот доаѓа со пренос на предните.

    Ford |  
    Ford |  
    Ford |  
    Ford |  

      Потполно е нов и приспособлив управувачкиот механизам, кој при динамично возење е мошне цврст и осигурува извонредни возни својства. Управливоста за еден ваков SUV навистина изненадувачки добра, а оние лулања карактеристични за големите изведби од овој сегмент се навистина минимални, дури и занемарувачки. За ова секако свој удел има потпирањето и подвозјето развиени за оваа цел, па соодветно возилото се однесува, се разбира со користење на потребните режими за работа, како на асфалт, така и надвор од него. Ford Edge се прифаќа прво како семеен автомобил и помалку како теренец.
      Достоен Фордов играч во најинтересниот европски сегмент, со многу вредни елементи и поединости, што овозможува широк спектар на индивидуализација, кој го позиционираат помеѓу Volvo XC60 и XC90, како и помеѓу Audi Q5 и Q7.

      Цените сеуште не се објавени, но наслушнавме дека во Германија се очекува да почнува од 42.000 евра ?!

      Поврзани вести

      Back to top button