fbpx

Ford EcoSport и Kuga со рекордна продажба во Европа во јули

Ford објави дека компанијата забележала значително зголемување на продажбата на SUV изведбите на 20 најголеми европски пазари, вклучувајќи ги и оние најважните- Германија, каде порастот е 5,9%, Шпанија 17,2% и Франција 11%.

Ford минатиот месец со своите SUV остварувања, EcoSport и Kuga, достигна рекордно пазарно ниво. Побарувачката за првиот модел е подобрена за 110%, а за вториот за 5%, во споредба со јули 2017 година. Компанијата, исто така, забележа раст на продажбата од 9,8%, или 18.300 единици во продажбата на претставниците од семејството Transit- Transit и Transit Custom, а ја има лидерската позиција на Стариот континент  во овој сегмент на лесни комерцијални возила, со вкупно подобрување во бизнисот од 2.5%.

Во текот на изминатиот месец, Ford забележа зголемување на побарувачката за својот најдобро продаван автомобил во Европа- Fiesta. Позитивата изнесува  63%, а 5% доаѓа од спортската верзија на Fiesta ST. Огромните пазарни резултати во јули, исто така имаше илидерот во својата класа -Ranger, чијашто побарувачка достигна 3.500 единици.

Ford има силна побарувачка за повисоките нивоа на опрема за своите автомобили.  Titanium, Vignale, Active, ST-Line, ST и RS, кои сочинуваат 71% од вкупната продажба.

Поврзани вести

Back to top button