Ford ги објави првите тизери за новиот Puma ST

Новиот мал кросовер на Ford, Puma, ќе добие и свое спортско ST издание, што сега е официјално потврдено со тизер фотографија и видео

Тизер видеото кое го објави Ford открива дека Puma во ST верзијата ќе добие aero body kit, нешто поинаква предна маска на ладилникот, ќе има и црвени ST ознаки, алуминиумски фелни со поголеми димензии, а тука е и спортскиот издувен систем, како и уште многу други детали.

Puma ST ќе се напојува со 1,5-литарски трицилиндерски EcoBoost бензински мотор, истиот кој се наоѓа кај Fiesta ST, и тој ќе испорачува околу 200 КС и 290 Nm максимален вртежен момент. Моќноста на предните тркала ќе се пренесува благодарение на шестстепен менувач.

Цената во Велика Британија ќе изнесува околу 27.000 фунти, а на пазарот Ford Pumа ST ќе се појави веќе кон крајот на 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close