fbpx

Ford го оживеа Capri како ново електрично купе SUV

Новиот Ford Capri ја користи истата платформа и погонски единици како Explorer, но додава стилски знаци од култното купе

Ford повторно одлучи да врати во живот едно од своите култни имиња олицетворено во целосно нов модел. Овој пат името Capri е „воскреснато“ за електричен купе-SUV базиран на новиот европски компактен Explorer.

Двата автомобили ја користат истата платформа VW MEB што се наоѓа под ID.4 и ID.5 и имаат меѓуоскино растојание од 2.770 милиметри. Но, додека „коцкестиот“ Explorer ги фокусира семејствата кои бараат практичност, поспортскиот Capri жртвува малку простор со опаѓачката линија на покривот.

Ford Capri

Обидот на Ford да го „купеизира“ Explorer не застана само на тоа. За да го оправда името Capri, дизајнерскиот тим на Ford додаде неколку дизајнерски знаци инспирирани од купето Capri што беше обид на Ford да го повтори успехот на европскиот Mustang.

Детали

Во согласност со ова, има црна лента преку носот што го имитира изгледот на оригиналната решетка, а светлата на секој агол имаат дневни светла распоредени во парови за да потсетат на четирите фарови на оригиналниот Capri. Другите детали инспирирани од минатото ги вклучуваат суптилните врвови на браникот и овалното задно странично стакло, задниот дел што потсетува на спојлерот на RS3100 и задните дневни светла што будат спомени на задните светла на третата генерација на Capri.

Ford Capri

Внатре, главно се е пренесено од Explorer, како што е 14,6-инчниот инфозабавен екран и просторот за складирање зад него. Но, има еден забавен ретро детал: долниот дел на воланот потсетува на изгледот на класичните спортски управувачи со нивните издупчени метални краци, како оние што се поставени на Capri RS2600.

Погонски опции

Единствената сличност меѓу новиот Capri и стариот кога станува збор за она што се случува под хаубата е тоа што основната верзија на теренецот е со погон на задните тркала. Имено, моделот добива модерна мултилинк поставка, додека базичната верзија на новиот Capri со еден мотор испорачува 286 КС што е речиси двојно повеќе од најмоќниот атмосферски V6 Capri. Благодарение на ова, новиот Ford Capri од место до „стотка“ може да стигне за 6,4 секунди.

Оние кои сакаат уште повеќе, или погон на сите тркала, имаат можност да го изберат Capri со два електромотори и системска моќност од 340 КС. Од место до 100 км/ч стигнува за 5,3 секунди што значи помалку опсег на движење. Иако, верзијата со два електромотори добива батерија од 79 kWh наместо пакетот од 77 kWh на основната верзија, неговата максимална тежина е исто така зголемена, од 2.098 кг на 2.174 кг во најлесната форма.

Ford истакнува дека Capri располага со 627 километри опсег на движење кај верзијата со 286 КС, но „само“ 592 километри од верзијата со два мотори со 340 КС. Помоќниот модел се полни малку побрзо затоа што може да прифати 185 kW наместо 135 kW на основниот модел.

Опрема

Сите верзии на Capri доаѓаат со двозонска клима, 12-насочни седишта со функции за масажа и греење, преклопни ретровизори со греење на вратите кои го проектираат името Capri на земја, влез и старт без клуч, безжично полнење телефон и безжично Apple CarPlay и Android Auto. Премиум нивото на опременост додава B&O звучен систем со 10 звучници со сабвуфер, амбиентално внатрешно осветлување, Matrix LED светла и електронски контролирана задна врата, но дополнителната тежина и отпорот на тркалање што ги носи чинат до 32 километри опсег.

Премиум моделите исто така добиваат надградба на тркалата од 19 до 20 инчи, иако и двете верзии можат да се надградат до 21 инчи и да ги подобрат стандардните безбедносни карактеристики со пакет за помош на возачот кој вклучува head-up дисплеј, активна помош за паркирање, потпомогнато менување лента и камера од 360 степени.

Ford сè уште не ги објави цените, но тие веројатно ќе бидат многу блиску до оние на Explorer.

Поврзани вести

Back to top button