fbpx

Ford го претстави специјалното GT Heritage Edition издание

Компанијата Ford ја претстави специјалната верзија на суперавтомобилот GT со кој одбележува 55 години од победата на трката 24 часа Дејтона во 1966 година

Дизајниран да оддаде почит на Ford GT 40 Mark II кој триумфираше на трката 24 часа Дејтона во 1966 година, овој Heritage Edition модел се карактеризира со ретро екстериер со Frozen бела боја и асиметрични Race Red акценти. Меѓу останатите карактеристики се наоѓа и испакнатата карбонска хауба и легендарниот победнички број „98“.

Промените не запираат тука. Специјалната верзија го има името на Ford испишано на задниот дел, како и 20-инчни алуминиумски фелни со Heritage златен финиш. Зад тркалата се наоѓаат и Brembo црвените сопирачки.

Ford GT

Во внатрешноста може да се најдат црвени спортски седишта обложени во Алкантара. Зад управувачот се наоѓаат две црвени лопатки за промена на степенот на пренос. Управувачот и инструменталниот панел се преслечени во црн Алкантара тапацир.

Купувачите кои сакаат нешто поуникатно ќе можат да се одлучат за Heritage Upgrade пакетот. Тој вклучува изменет екстериер со карбонски тркала кои имаат сјајни црвени внатрешни акценти. Пакетот исто така вклучува и црни сопирачки со црвени Brembo букви, како и бројот „98“ на внатрешните панели од вратите.

Доколку Heritage Edition едноставно не е вашиот избор, тогаш Ford овој легендарен GT автомобил го нуди и со нов Studio Collection пакет кој „нуди уште повеќе ексклузивитет и дизајнерски засилувања“.

Графичкиот пакет е резултат на соработка меѓу Ford Performance и Miltimatic кој го прави автомобилот. Шефот на дизајн во Miltimatic, Герен Никогозијан, за пакетот вели „комбинацијата на линии и акценти ја будат емоцијата за брзина и го привлекува погледот на некои од најистакнатите карактеристики на GT“.

Само 40 модели ќе бидат понудени со Studio Collection пакетот. Купувачите ќе можат да бираат меѓу седум стандардни бои или да се одлучат за „проширена палета која нуди безброј комбинации на бои за уште поголем ексклузивитет.

Испораките на 2021 Ford GT ќе започнат кон почетокот на следната година, а производството ќе трае до 2022.

Поврзани вести

Back to top button