Ford и Google започнуваат стратешко партнерство

Ford и Google го најавија своето стратешко шестгодишно партнерство со кое автомобилскиот производител ќе го забрза својот трансформациски план

Со цел да го „реосмисли искуството на поврзан автомобил, Ford започнува партнерство со технолошкиот гигант Google со што автомобилскиот производител ќе го забрза својот план за трансформација. Ford го избра Google Cloud како свој „клауд“ провајдер, коистејќи ја експертизата на технолошката компанија за податоци, вештачка интелигенција и „machine learning“. Веројатно најважната и најголема вест од оваа соработка е фактот дека веќе од 2023 година, сите идни Ford и Lincoln модели, без оглед на цената, ќе бидат „напојувани“ од Android, вклучително и Google Apps и вградени услуги.

Почнувајќи од 2023 година, сопствениците на нови Ford и Lincoln модели ќе уживаат во карактеристики како што се Google Assistant и Google Maps, заедно со пристап до Google Play Store со цел да ги симнуваат своите омилени апликации. Новиот Android оперативен систем, кој исто така ќе нуди и бежични унапредувања, ќе биде дизајниран за да ја минимизира возачката деконцентрација и ќе понуди поефикасно конектирано искуство во возилото.

2021 Ford Mustang Mach-E

Исто така, иако не се споменува експлицитно, Ford од ова партнерство ќе добие бенефит и кога станува збор за автоматизираните возачки системи. Со оглед на тоа дека се споменува експертизата на Google со вештачка интелигенција и machine learning, а познато е дека Google одамна развива самовозачка технологија со Waymo.

Двете компании ќе основаат нова колаборативна група наречена Team Upshift, која ќе го користи талентот од Ford и Google со цел да се развие секакви новини кои се поврзани со автомобилската индустрија.

Поврзани вести

Back to top button