НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Ford Kuga доаѓа на 2-ри април

Третата генерација на Kuga, Ford ќе ја претсави на европскиот пазар на 2-ри април, кога ќе биде претставена и PHEV верзијата на истиот модел

Потврдата за овој настан доаѓа од романската поделба на компанијата. Моделот Kuga кој во САД е познат под името Escape, дизајнерски ќе има многу сличности со новиот Focus, кој не е достапен во Америка.

Двете возила имаат иста платформа врз која се развивани, а покрај платформата од видеотот можеме да видиме дека и фаровите со LED- технологија и задниот дел на автомобилот имаат речиси идентичен облик со новиот Focus.

Во февруари оваа година, група шпионски фотографии дури и го потврдија развојот на plug-in-хибридна верзија. Останатите детали ќе ги дознаеме наскоро.

Noul Ford Kuga

Noul Ford Kuga // în premieră 02.04.2019

Publiée par Ford Romania sur Jeudi 28 mars 2019

Клучни зборови

Поврзани вести

Close