НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Пристигнува Ford Mustang California Special

Летово од Синиот овал планираат да го лансираат новиот Ford Mustang California Special

Моделот е „наследник” на спортскиот автомобил со исто име, кој беше произведен во 1968 година и се базираше на Ford Mustang Shelby GT.

Според податоците, новиот Ford Mustang California Special се базира на варијантата Mustang GT, но има бројни разлики од стандардната изведба. Моделот е опремен со алуминиумски тркала со 5 краци и амблем познат одмоделот од 1968 година. Што се однесува до техничките карактеристики, возилото има 5,0-литарски мотор V8 со турбополнач, кој развива максимална моќност од 460 КС. Динамичките карактеристики се уште не се откриени.

Меѓу другите карактеристики на новиот Ford Mustang California Special вреди да се одбележи специјалниот аеродинамичен пакет Performance Package, како и премиум аудиосистемот Bang & Olufsen со 10 звучници и моќност од 1.000 вати. Продажбата започнува во текот на летото, цената сè уште не е објавена.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close