Ford го најави својот нов Focus
Американскиот производител Ford објави фотографии од прототип од новата генерација Focus
Официјалната премиера на автомобилот ќе се одржи во првата половина од 2018 година, најверојатно на салонот во Женева, во почетокот на март. Од она што се нуди од Синиот овал, што се однесува до информации, се потенцира дека благодарение на својата нова платформа Focus ќе биде 50 kg полесен од неговиот претходник, а растојанието помеѓу двете оски ќе се зголеми за 50 mm.
Покрај хечбек, новиот Ford Focus ќе биде достапен како седан и караван. Најверојатно ќе има и верзија која ќе биде во стилот на новата Fiesta Active. Впрочем, нејзиното лансирање беше и официјално објавено од страна на компанијата и се очекува да биде претставена на почетокот на годината. Промената на генерациите ќе ја преживее електричната модификација Focus Electric. Таа е дел од новата стратегија на брендот, која ќе овозможи сите модели на производителот да добијат електрични верзии до 2030 година.
Палетата мотори на Focus повторно ќе се состои главно од 3- цилиндарскиот турбомотор EcoBoost со зафатнина 1.0 литар, достапен во неколку варијанти на моќност: 100, 125 и 140 КС, а ќее има уште 1.5 и 2.0 литарски единици, со најмоќни 280 КС за верзијата ST. Промената на генерациите ќе ја преживее електричната модификација Focus Electric. Таа е дел од новата стратегија на брендот, која им овозможува на сите модели на производителот да добијат тековни верзии до 2030 година.