Ford најавува Ranger Raptor и за Европа

FORD ги откри првите детали за најекстремната верзија на пикапот Ranger, која ќе биде достапна за купување и во Европа

Новиот Ranger Raptor, дебитираше за време на Gamescom, а неговото официјално пазарно лансирање е планирано за следната година. Овој автомобил е развиен од спортската поделба на Ford, кој е во состојба да се справи со најтешките офроуд патеки. Со специјално проектирана суспензија високопродното возило е опремено со 10-брзински автоматски менувач, 2.0 литарскиот EcoBlue битурбоагрегат кој генерира максимална моќност од 213 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm.

Ranger Raptor, кој ќе биде и во новата игра Forza Horizon 4, се разликува од сериската верзија на пикапот. Со целосно нова задна суспензија, вентилирачки предни и задни дискови со дијаметар од 332 mm, гуми BF Goodrich 285/70 на спеицални 17-инчни фелни, дополнителна подподна заштита, челна решетка со нов дизајн, нов распоред на ентериерот со контрастни сини рабови и друго.

Ranger Raptor е опремен исто така со систем Terrain Management System.  Со шест режими на работа- Normal, Sport, Grass / Gravel / Snow, Mud / Sand, Rock mode и Baja.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close