fbpx

Ford направи вистинска верзија на виртуелен тркачки автомобил

Тимот Fordzilla лансираше модел во природна големина од својот виртуелен тркачки автомобил кој сега пристигна во реалниот свет

Тимот Forzilla е виртуелниот тркачки тим на Ford, а сега го претстави својот прв тркачки автомобил. Всушност, станува збор за реална верзија на виртуелниот тркачки автомобил P1 кој со помош на crowdsourcing преку социјалните медиуми успеа да го донесе во реалноста.

Според Fordzilla, на дизајнерите им биле потребни седум полни недели за да го донесат овој луд дизајн во реалноста. Тоа е поради фактот дека дизајнот не само што има свод во стил на авион како и отворен заден дел, туку и монокок шасија исто така.

Дизајнот е одлучен од страна на гејмерите преку Twitter. Повеќе од 250.000 гласови беа собрани во изминатиот период на развојниот процес кој се одржа во период на неколку недели во март. Гласачите беа поканети да гласаат меѓу неколку дизајнерски концепти, а на крајот победникот е „роден“ во реалниот свет.

Концептите беа фокусирани на еден конкретен аспект на автомобилот. Тимот Fordzilla побара од гласачите да изберат, на пример, меѓу отворен кокпит или затворен, потоа меѓу отворен заден дел или отворени задни тркала. На крајот испаѓа дека гејмерската јавност не сака затворени нешта.

Ford

Ford ќе го изложува автомобилот на големите настани

„Откривме дека гејмерите се всушност совршени ко-дизајнери. Има одлична смисла кога ќе размислите. Гејмингот, особено е-спортот, се сведува на возбудата во движењето, да се биде брз, агилен, компетитивен и пред се да се ужива“, изјави Амко Ленартс, дизајнерскиот директор на Ford Europe.

За да се осигураат дека автомобилот ќе биде прифатен во виртуелниот свет, тимот Fordizlla посебно побара мислење од помладите гејмери кои можеби се уште немаат ниту возачка дозвола. Тоа ќе го задржи чувството на возбуда и ќе биде центрирано околу гејминг искуството.

На крајот останува да се види во која видео игра ќе се користи овој модел на Ford. Но, без разлика на тоа што ќе биде избрано на крајот, Ford планира да го носи овој модел ширум светот кога големите настани повторно ќе бидат возможни.

Поврзани вести

Back to top button